СДСМ: Диоптерот им го штелува Груевски, само ВМРО се против напредокот
СДСМ со соопштение до јавноста кое ви го пренесуваме интегрално.
Очигледно диоптерот им го штелува Груевски, ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со успехот на сопствената земја и најпозитивниот Извештај од ЕК
ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со успехот и напредокот на сопствената земја.
Додека демократскиот свет го поздравува напредокот на државава и не посочува како светол пример, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои не можат да се помират ниту да се израдуваат со успехот на земјава.
Очигледно диоптерот за погрешен поглед на реалноста им го штелува Никола Груевски, кој се уште управува со партијата од Будимпешта.
ВМРО ДПМНЕ денес лажно обвинува за криминал и за корупција и тоа од белиот дворец, симболот на расипништвото, криминалот, корупцијата и забеганоста на нивниот режим.
Токму затоа државава добиваше замрзнати препораки и беше оценувана како заробена држава во времето на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо празни и лажни обвинувања ВМР0-ДПМНЕ треба да се ослободи од криминалната матрица на Груевизмот, да го прочита најпозитивниот Извештај на ЕК за нашата земја и да честита за напредокот.
Во извештајот јасно е наведено дека Владата презеде чекори за враќање на уставните механизми, како и за јакнење на демократијата и владеењето на правото.
Конкретни резултати беа постигнати во клучните области идентификувани со Заклучоците на Советот, како што се правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на разузнавачките служби и јавната администрација, стои во Извештајот.
Сега ВМРО-ДПМНЕ има шанса да покаже дека е за право и борба против корупција и криминал. Нека го поддржат Законот и да прифатат продолжување на мандатот на СЈО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа