Карачиќ: Нека се запрашаат сите од Владата дали треба едно вакво чудо да се пушти
Игор Карачиќ во финалето со Веспрем го одигра последниот меч во вардаровиот дрес, а Хрватот на најдобар можен начин се збогува од тимот – како европски првак.
„Не можев да замислам подобар крај…односно можев да останеше Вардар нормален, да бевме и ние сите заедно и тогаш немаше да има подобар крај… Колку што е ова еден од најсреќните денови во мојот живот, исто така е и многу многу тажен. Последен меч за Вардар, последно делење на соблекувалната со моите момци, зборувањето со вас, новинарите во името на Вардар… едноставно многу е тешко. Драго ми е дека успеавме да ја освоиме титулата, дека моите играчи се пресреќни затоа што знам колку труд и работа е вложено оваа година, со оглед на тоа дека имавме многу многу проблеми и со повреди и со финансии, секогаш се враќаме на истото. На овие момци треба да им се крене споменик! Нема зборови за ова. Дали Македонија може да има подобар амбасадор од РК Вардар, па нека се запрашаат сите од Владата дали треба едно вакво чудо да се пушти“, изјави Игор Карачиќ.
Најдобриот играч #Карачиќ после победата директно без многу дипломатија откри дека постојат проблеми меѓу и . И пак сте #шампиони, тродупло шампиони пошто и сите препрееки и сопки ги победивте, без плати, без услови, без поддршка..Доживотно треба да ве чуваат бре! pic.twitter.com/5BwlZD3k5L
— Darko (@OtecDare) June 3, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа