Стоилов од плоштад: Да живее Вардар, да живее Македонија

Капитенот на европските шампиони Стојанче Стоилов, прв ѝ се обрати на македонската публика на плоштадот во Скопје.

„Скопски Вардар, европски првак!!!! Овие позади мене се најголеми амбасадори на нашата држава голем дел не се македонци еден ден ќе си отидат во нивните држави и ќе кажуваат: „Си беше еднаш еден Вардар во една Македонија. Верувајте најубавиот дел од нивните кариери ќе биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија!!!“, кажа Стоилов.

За Караџиќ кажа: „Мостарецот е роден скопјанец. Човек го направивме. Тој е срце и душа на Вардар.“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега