Куновска: Обрачот се стега околу врвот на СДСМ, а конците одамна ги движат само еден-двајца
Поранешната пратеничка и претседателка на скопската организација на СДСМ, Софија Куновска вели дека промените на „Бихаќка“ може да бидат корисни доколку се темелат на принципи, но се сомнева дека тоа е случај сега, иако ќе и биде драго ако времето ја демантира.
-Впечатокот е дека обрачот се стега околу врвот на СДСМ. Лошото менаџирање со наметнатите високи очекувања кај граѓаните од самиот почеток на раководењето со СДСМ, но и со Владата, од страна на актуелното раководство дојде на наплата. Затоа акцијата е во крајна нужда иако беше најавувана одамна, но во помал обем, коментира Куновска за „Независен весник“.
Според неа, од пред два дена, лествицата на очекувања е поставена уште повисоко.
-Внатрепартиската прераспределба на функции во СДСМ е сосем неважна за граѓаните. Очекувањата се дека промените важни за граѓанинот допрва следат во обем и квалитет сооодветен на досегашните крупни потфрлања. А тоа нема да биде едноставно. Прашање што останува да лебди е дали само кадровските смени ќе бидат доволни за поправање на впечатокот или сето ова ќе мора да биде проследено со подлабоки системски зафати, вели Куновска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа