СДСМ: Најголем срам за државата е Мицкоски кој го брани криминалот на Груевски

 

СДСМ денеска со соопштение за политиките на ВМРО, кое ви го пренесуваме интегрално.

Нема поголемо понижување од тоа државата 11 години да биде заробена во изолација и сиромаштија  за која директен виновник е антинародната ВМРО ДПМНЕ.

Нема поголем срам од тоа да се бранат криминалите на Никола Груевски и фамилијата на штета на државните интереси како што тоа го прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно дејствување. но не успееја да ја вратат државата назад во изолација и неизвесност.

Државата е на вистинска патека, станува 30 земја членка на НАТО и напредува во интеграцијата кон ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја вратат назад во темното минато на криминал и изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега