Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ е за попис, но спроведен на транспарентен начин, а не со шверцерско протнување

 

ВМРО-ДПМНЕ е за попис, но сакаме попис на транспарентен начин, според стандарди кои се меѓународни, да има дебата во која ќе бидат вклучени за да на крај процесот биде кредибилен, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ кој беше дел од дебата на телевизија 24.

-Сето ова е потребно посебно во ситуацијата во која е Македонија. Тоа е потребно посебно во ваква ситуација кога не знаете што ќе се случи во државава. Тоа пак произлегува од тоа што имаме премиер кој вика има датум, нема датум за преговори со ЕУ, а истиот тој лани славеше зошто имало датум, потоа вели има избори, нема избори и сега на еден шверцерски начин протнува попис, рече Стоилковски. Во однос на пристапувањето кон ЕУ и добивањето на датум за преговори со Брисел, Стоилковски посочи дека е несоодветно вината да се бара во Европската унија.

-Не може за неуспешноста на Заев за реформи да биде виновна Европската унија, да биде виновна Германија. Не може друг да биде виновен за тоа што владата нема капацитет за реформи, не може друг да биде виновен за тоа што по две години откако оваа гарнитура е на власт, а не успева да направи ништо што Унијата го побара од Македонија, посочи Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега