ДУИ: Не го копираме СДСМ со одлуката за промени во партиските ограноци

 

ДУИ не го копира СДСМ со промените на партиско ниво. Според оваа партија, претседателите на ограноците не биле разрешени, туку имале истечен мандат и тоа веќе една година. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за Алсат-М, вели дека реорганизирањето во партијата се случува во согласност со статутот.

 

„Не затоа што статутот утврдил дека конгресот треба да се одржи на овој датум и тоа повеќе не може да се одложува бидејќи реално партиските тела се наоѓаат во фаза на вршители на должности. Мандатот на претседателите на ограноците истече во ноември минатата година, Централното раководство одлучи да назначи координатор за секој огранок да започне со организирање на изборите, од локалните совети, до собранието на ограноците и претседателите на ограноците. Координаторот во овој период ќе биде контакт точката помеѓу центарот и огранокот, но нема да имаат право да се кандидираат“, рече Османи.

Османи негира дека меѓу ДУИ и СДСМ нема договор за новите директори, бидејќи пред неколку дена нивното разрешување не беше разгледано од Владата. Според него, реконструкцијата на ниво на директори ќе се случи за неколку седници, но не е исклучено новите директори да бидат назначени по назначувањето на министрите.

„Тоа ќе биде процес што ќе се одржи на неколку седници, што се однесува до директорите, додека реконструкцијата е прашање што останува по дефинирање на прашањата каков пристап ќе имаме, откако ќе се дефинираат прашањата со датумот за преговори. Очекуваме дека до крајот на месецот, 24-25 јуни, да имаме реконструкција на Владата. Дилема се директорите, дали ќе ги чекаме министрите за да имаат и тие свое мислење или да се врши сукцесивно. Но, ова се најмалите технички дилеми. Мислам дека она што е клучно е дека утре ќе се дефинира какокв пристап ќе имаме, значи да ги дефинираме клучните линии во овој процес“, додава Османи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега