Ристовски го честита Денот на просветните работници
![](/sites/default/files/styles/large/public/76aa6eb4850f30b302601afafcec1e5b_4.jpg?itok=NhyyXsj_)
Денеска Министерот за образование Спиро Ристовски им го честиташе Денот на просветните работници на сите вработени во образовниот систем.
„Стандардите и вредностите кои ние како индивидуи ги градиме, треба преку образованието да ги пренесеме во нашето општество, на нашите идни генерации. Треба да се стремиме кон идеални цели, стандарди и вредности и единствено на тој начин ќе ја зголемиме нашата конкурентност на глобално ниво. Тоа е еднствениот начин да изградиме победнички и успешни генерации. Генерации коишто ќе ја движат нашата земја напред,“ се вели во честитката.
05.10.2013 - 14:12
Фото:
миа