Сарачини ќе се сретне со претставници на услужната и трговската комора

Министерот за економија Ваљон Сарачини, денеска ќе се сретне со претставници на услужната и трговската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. Средбата се реализира во рамки на проектот „Отворено со бизнисот“.

Според информациите од Министерството за економија, на средбата ќе се дискутира „за стратешката определба за спроведување континуирани, системски реформи со цел  создавање на предвидлива бизнис клима, подобрување на условите на делување на деловните субјекти, но и истовремено почитување на  правата и обврските“.

07.10.2013 - 08:27

најчитано сега