Четири собраниски комисии денеска ќе одржат седници
Во македонското Собрание, денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за европски прашања, за транспорт, врски и екологија и за одбрана и безбедност.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет ќе се најде Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година, Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по измените и дополнувањата на Законот за управување со отпадот во второ читање, додека пред Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за странците исто така во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања е третото продолжение на надзорната расправа „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош - ИПА во Република Македонија“ што почна во јули 2013 година.