Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на споменикот на децата бегалци
На споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија, жртви на Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година, партиска делегација предводена од членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и Иванка Василевска положија свежо цвеќе.
Споменикот на децата бегалци е откриен на 30 јуни 1988 година, кога во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци.
Со полагањето цвеќе на Споменикот се одбележуваат 70 години од крајот на Граѓанската војна во Грција.
30.06.2019 - 15:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа