СДСМ: Василевска во приемно време за студенти држи партиски прес конференции на кои шири лажни вести

 

Наместо да биде со студентите, вонредната професорка на Правниот факултет, Иванка Василевска, во приемно време за студенти, се појавува на партиски прес конференции, реагираат од СДСМ.

„Како што е јавно објавено на влезот на нејзиниот кабинет, приемните термини за студентите се во понеделник и среда од 11 до 14 часот. Токму во овој термин денеска, Василевска одржа прес конференција како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека студентите ја чекаат за консултации, таа одржува партиски прес конференции на кои шири лажни вести и невистини во дневнополитички цели“, стои во реакцијата на СДСМ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега