Заев вели не може да го правите „салата" Рашковски - ВМРО жестоко реагираат

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираа дека СДСМ требале да бараат одговорност од генералниот секретар Рашковски и дека требало да си поднесе оставка.

- Зоран Заев денеска наместо да го повика на одговорност, го заштити Драги Рашковски. Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели. Дека Зоран Заев е директно одговорен за сомнителниот тендер од 7 милиони евра за набавка на АТМ системот за потребите на М-НАВ кажа и самиот Драги Рашковски вчера, кој посочи дека настапувал по овластување токму на Зоран Заев. Колега Драги Рашковски дали сте само извршител на Зоран Заев кој е лицето кај кого треба да легнат парите од 7 милионската аванта? Охрабрете се и не го штитете човекот кој бесрамно ја лаже македонската јавност со години наназад, велат од опозицијата.

- Зоран Заев – човекот што сака да се заборави криминалот со бишкарникот на Мирчо и митото од 200.000 евра нормално е да сака да се заборави и криминалот од 7 милиони евра. Исто како и кај Заев, кој бараше евро по метар квадратен, така и за Рашковски постојат аудио снимки од кои се слуша „Leonardo will win the tender“. Што тука е неразбирливо, уште пред да се склучи договорот со Леонардо, се знаело кој ќе го добие овој тендер. Јавното обвинителство треба само да испита, дали кажаното во снимката коинцидира со настаните кои следат потоа. Едноставно е. Оттука уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство да преземе мерки и да побара притвор, како за Рашковски, така и да го повика на разговори токму господинот Зоран Заев. Или пак не смее затоа што тие се луѓето на кои им реферираат, дали ВМРО-ДПМНЕ поднело или не некој поднесок, додаваат од ВМРо-ДПМНЕ.

За крај, велат едно обраќање до сите оние чесни членови на СДСМ и приврзаници на таканаречената „Шарена револуција“: – Навистина ги жалиме оние кои одеа месеци по улици и викаа „нема правда нема мир“, а сега мора да молчат и да не смеат да изустат ни збор за сомнеж за криминал вреден 7 милиони евра, кој го амнестира лично премиерот на државата, а нивен тогашен водач.

- Времето на правдата ќе дојде. Правната држава мора да профункционира. Одговорност ќе има за сите, завршува партијата во соопштението до јавноста.

Оваа реакција доаѓа откако денеска премиерот Зоран Заев истакна дека Рашковски јавно се извинил и не бил арогантен.

– Се работи за тендер кој е завршен во 2016 година и некој не сакал да го потпише, за тоа ќе има истрага и кривични. Рашковски имал апсолутно право да ги забрзува постапките.Секој кој е арогантен треба да понесе одговорност, но и да објасни. Не може некого да правите салата, тој има право да го заштите својот дигнитет. Не може некој да биде боксерска вреќа. Секој има право на човечко достоинство и право да го заштити своето достоинство- одговори Заев на прашањето дали Рашковски не е арогантен и кога најави тужби за новинари и медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2019 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега