СДСМ: Мицковски да се извини за лагите
СДСМ денеска со соопштение до јавноста за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека лагите на Василевска се разобличени.
- Христијан Мицкоски и Иванка Василевска мора да се извинат до целата јавност за лагите што бесрамно ги шират со денови. Лагата на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-Нав е целосно разобличена, велат од СДСМ.
Откако се потврди дека јавната набавка за М-Нав е реализирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на таткото на министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се извинат за изнесените невистини.
- Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на лагите и деструкција, Мицкоски останува главен извор на лажни информации и невистини, додаваат од СДСМ.
03.07.2019 - 17:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа