СДСМ: Мицкоски има задача од Груевски да го штити криминалот
СДСМ велат дека Мицкоски сакајќи да го одбрани криминалот, измислува и конструира непостоечки случаи.
- Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да им се извини на граѓаните за сите лажни вести што тој и неговата партија ги пласираат со денови. Напротив, Мицкоски не само што не се извини туку уште позасилено продолжува да шири лажни вести, невистини и конструкции. Мицкоски по секоја цена продолжува да ги брани криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но полека станува свесен дека не е возможно да ги одбрани криминалите и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од владејачката партија.
Велат јасно е дека на Мицкоски не успева да го одбрани криминалот, не успева да ја оствари единствената задача дадена од неговиот ментор од Будимпешта. Затоа измислува, конструира случаи за наводни апсења, се обидува да внесува вознемиреност меѓу граѓаните.
- Додека државата оди напред, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени и заглавени во матрицата на деструкција, лажни вести и одбрана на криминал. Затоа ги загубија претседателските избори и локалните избори во Охрид и Ново Село и затоа ќе ги загубат и парламентарните избори, кога и тие да се одржат, велат СДСМ.
03.07.2019 - 19:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа