СДСМ: Нов ден, нова разоткриена лага на Мицкоски

 

Уште една лажна вест на Христијан Мицкоски е официјално демантирана од институциите, се вели во реакцијата на СДСМ на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМННЕ, Христијан Мицкоски на емисија во ТВ Алфа.

„Министерството за внатрешни работи официјално ги демантира лажните наводи на Мицкоски што тој ги изнесе во вчерашното интервју дека бил следен од припадници на полицијата и дека се подготвувало негово апсење.

Јасно е дека на Мицкоски не успева да го одбрани криминалот, и затоа измислува, конструира случаи за наводни апсења, се обидува да внесува вознемиреност меѓу граѓаните.

Злоупотребата на МВР за пресметки со неистомисленици и политички противници, со години беше карактеристика токму на ВМРО-ДПМНЕ партијата чиј претседател е Мицкоски.

Тоа време заврши. Во последните две години преземни се низа мерки за реформа на полицијата и денес, МВР е професионализирана и работи исклучиво во интерес на граѓаните и во служба на законите.

Нов ден, нова разоткриена лага на Мицкоски. Уште еднаш се потврди дека тој е најголемиот извор на лажни вести и невистини“, стои во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега