Николовски: СДСМ е фокусирана на напредокот и членството во НАТО и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ брани криминал
Од ВМРО-ДПМНЕ кажуваат дека е истечен рокот за формирање на работни групи за забрзување на процесот за добивање датум, а Љупчо Николовски вели дека не знае за кој тип на групи станува збор.
-Не сум запознаен за каков тип на работни групи се работи, меѓутоа она што го прави владата, она што го прави претседателот на владата и партијата е целосна посветеност на евроатланската интеграција.
Земјата којашто пред две години беше заробена, изолирана денеска е најсветол пример, посочен од сите меѓународни истанци и оваа земја е земја којашто се зема како пример и во решавањето на сите проблеми, но и во делот на добивањето на најпозитивен и конкретен извештај за напредокот на земјата кон ЕУ.
Додека СДСМ и сите наши капацитети се целосно фокусирани во тој правец, од другата страна имаме политичка партија која што е заглавена во минатото во една изолирана земја, режимска земја, партија којашто не понуди досега ниту кадровски, ниту програмски, ниту било какви други промени или капацитети и потенцијали.
Нивна единствена цел е да нема правда во државата, да ја опструираат правдата и владеењето на правото без ниту една друга цел, напротив спроти една таква структура која што не нуди никаква перспектива на земјата, ние сме далеку од тој правец и еве како што гледате и денес, не само што ја одглавивме, не само што земјата е светол пример, не само што имаме огромни економски резултати, туку за дел од пораките на граѓаните упатени на последните претседателски избори презедовме акциски план за отстранување на нашите слабости и целосно фокусирање кон она што се потреби на граѓаните.
Бидете убедени дека како модерна, европска политичка партија ќе бидеме целосно прилагодени на потребите на граѓаните, а граѓаните ја сакаат токму таа евроатланска перспектива и ние сме цврсто убедени во тој правец - вели Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа