СДСМ: Започна дистрибуцијата на "Европската младинска картичка",се обезбедуваат бројни поволности за младите

 

„Зборот важи! Проектот "Младинска картичка" започна со реализација, доставени се првите стотина картички до млади на возраст од 15 до 29 години“ пишуваат во своето партиско соопштение од СДСМ.

Од СДСМ велат дека на територијата на цела држава над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, кино сали, центри за едукација и развој, спортски центри нудат попусти за нивните услуги.

„Проектот "Младинска картичка" обезбедува поволности и придобивки во секојдневниот живот на младите.

Со овој проект ќе се намалат трошоците, но и позитивно ќе се влијае и на личниот развој, едукацијата и социјалниот живот на младите.

Активните младински политики се клуч за задржување на младите дома.

Како одговорна партија, остануваме посветени на обезбедување подобри услови за младите, повисок студентски стандард, помали трошоци и еднаква шанса за сите млади.

Младите и квалитетните младински политики се приоритет за Владата предводена од СДСМ“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2019 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега