Костадинов: Мицкоски е против правдата и бега од лидерска

 

Со неуспешно алиби и крајна неодговорност, Христијан Мицкоски, е во нов обид да го блокира напредокот на земјата и реформите. Фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски, Мицкоски решил да не доаѓа на лидерската средба.

Има забелешки за попис а не доаѓа да разговара зошто сака земјата да остане без попис – практично ги повторува истите политики на неговиот шеф, Никола Груевски, кажа портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.

„Старото, криминално крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака земјава рамномерно да се развива.

ВМРО-ДПМНЕ сака 18 години да бидеме без попис на населението.

Мицкоски е против правдата.

Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога има линк помеѓу граѓаните, обвинителството и МВР за заштита од корупција и криминал, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство.

Со половина уста бара предвремени избори, а знае и не сака да зборува за подобрување на изборниот законик.

Мицкоски се моли избори да нема затоа што и самиот е свесен дека изборите ќе ги изгуби, исто како што ги изгуби претседателските и предвремените локални избори, во Ново Село и Охрид.

Мицкоски бега од лидерска. Мицкоски бега од реформи. Мицкоски и штети на државата. Мицкоски работи против датум за преговори за членство во ЕУ.

Единствената работа за која што силно се грижи е одбрана на криминалот на Никола Груевски, кој е всушност и вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На Христијан Мицкоски повторно му порачувам, дека на неговите блокади, неговите антидржавни дејствувања и активности нема да успеат.

Напредокот на Република Северна Македонија и граѓаните ќе продолжи, со него или без него“, кажа Костадинов. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега