СДСМ: Мицкоски да одговори дали се сретнал со еден од притворените

 
Мицкоски бега од лидерска, Мицкоски бега од реформи, Мицкоски бега и од јавноста. Ова го велат денеска од СДСМ барајќии одговори од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
 
- Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните:  Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?
 Дали посегнал по парите на еден од осумничените?, прашуваат СДСМ.
 
Велат Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
 
- Мицкоски и штети на државата и работи против датум за преговори, додаваат од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега