ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски во петок нема да се појави на лидерска

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да се појави на лидерската средба в петок, потврди денеска претседателка на Унијата на жени на партијата, Благица Ласовска.

ВМРО-ДПМНЕ, според Ласовска, останува на ставот дека ако воопшто се одржи лидерска средба на која ќе присуствува Мицкоски, тогаш таа ќе биде исклучиво за предвремени парламентарни избори.

– Како што пред неколку дена најави претседателот, нема да се појави на лидерската средба. И доколку има некаква лидерска средба, таа лидерска средба ќе биде само за разговор за предвремени парламентарни избори, рече Ласовска на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега