СДСМ: Единствената и вистинска глава на криминалниот октопод е во Будимпешта и се вика Никола Груевски

 

Криминални октоподи се одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Сега, во земјава владеат законите и правото, реагираат од СДСМ на изнесениот став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Кога зборува Мицкоски за глави и пипци на октоподи, знае и тој, како и целата јавност дека една единствената глава на криминалниот октопод е во Будимпешта и се вика Никола Груевски. Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните: Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец? Дали посегнал по парите на еден од осомничените? Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, главатарот Никола Груевски“, стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега