Верушевски и Маричиќ добија партиски функции во СДСМ

 

Зоран Верушевски, екс директорот на УБК кој беше првоосомничен во случајот „Пуч" е назначен за претседател на Комисија за внатрешни работи, а Бојан Маричиќ за шеф на Комисијата за европски прашања. Ова се дел од одлуките на СДСМ донесени вчера на Централниот одбор на партијата со кој се заокружија промените.

Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, за претседател на Комисија за внатрешни работи е назначаен Зоран Верушевски, на Комисија за европски прашања Бојан Маричиќ, на Комисија за економија Кирил Колемишовски, Комисија за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Комисијата за здравство Венко Филипче, Комисија за земјоделство Зоран Атанасов, Комисијата за труд и социјална политика Милан Живковиќ, за култура Роберт Алаѓозовски, за образование и наука Елизабета Наумовска.

 Едмонд Адеми е назначен за шеф на Комисијата за надворешни работи, Драган Николиќ ќе ја води Комисијата за одбрана, Златко Николовски Комисијата за правда, Благој Бочварски Комисијата за транспорт и врски, Фатмир Бекиќи Комисијата за финансии, Драган Гоцевски ќе ја води Комисијата за информатичко општество  и администрација, Дејан Павлевски Комисијата за локална самоуправа и Митко Андреевски ќе ја води Комисијата за енергетика.

По Централниот одбор синоќа, СДСМ истакнаа дека ги заокружиле промените во партијата, дека биле секојдневно меѓу граѓаните и дека правото владеело со нив.

- Тимовите на СДСМ веќе се секојдневно меѓу граѓаните, на теренот, на маалски средби, ги слушаме граѓаните и делуваме. Она што го забележаа нашите тимови се анализира, ќе биде преточено во дополнителни политики и позитивни мерки во интерес на граѓаните.Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има, истакна синоќа Љупчо Николовски.

На следниот Централен одбор на СДСм е најавено носење нов пакет на мерки како што велат од партијата, во интерес на граѓаните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега