СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска но нема бегање од правдата

 

Мицкоски не успеа. Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдат, велат од СДСМ преку соопштение утринава.

Од партијата велат дека СДСМ докажа дека за нив криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата.

„Затоа, како што најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство.

Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив.

Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО.

Тоа е во интерес на граѓаните и државата.

Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.

Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата“ стои во соопштението од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега