СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска средба но од правдата нема бегање

 
„Јасно е дека Мицкоски не успеа повторно“ порачуваат преку соопштение од СДСМ.
 
Од СДСМ велат дека Мицкоски побегна од лидерска средба но од правдата нема бегање.
 
„Мицкоски нема да може да го одбрани криминалот на Никола Груевски, вистинскиот негов шеф.
 
СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски бои. 
 
Новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство е уште една потврда за тоа.
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата.
 
Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжат, нивќе ги застапува новото ЈО. Одговорност за сите овие предмети ќе има. 
 
Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.
 
 Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата“ се вели во партиското соопштение а СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега