ВМРО- ДПМНЕ: Единствена партија во Македонија која застана во заштита на криминалот во Македонија е СДСМ

 

„Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е аболицираниот Зоран Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството. Граѓаните се жртви на криминалното работење на власта“ велат од ВМРО- ДПМНЕ во реакцијана соопштение од СДСМ. 

„Никој во Република Македонија не верува дека човекот кој е три пати амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев не е вмешан во најголмата корупциска афера во поновата македонска историја, случајот Рекет.

Единствена партија во Македонија која застана во заштита на криминалот во Македонија е СДСМ.

Што се случи одговорноста, кривична и политичка за Курто Дудуш, градоначалник од редовите на СДСМ кој во својот кабинет малтретираше граѓанин?

Што се случи со ,,Leonardo will win'' и одговорноста за Драги Рашковски кој навреди пријателска држава, ги навреди нашите сограѓани, а постојат и сериозни индиции за криминал?

Кои се Кики и Фрики, дали Зоран Заев знае кој негови сопартијци се вмешани во аферата Рекет, дали тие се дел од операцијата за рекетирање и уценување на македонски бизнисмени?

Во медиумите се шпекулриа дека Катица Јанева учестувала во рекетот, зошто таа не е осомничена, зошто Јанева не е во притвор?

Правдата во Македонија ќе се врати кога Зоран Заев ќе си замине од македонската политичка сцена. Кога ќе се врати правдата ќе одговараат сите“ се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега