Мицкоски: Нема место за роднините на обвинителите од СЈО во новиот оддел
Истовремено проверка и детална анализа и истрага за директната или индиректната вмешаност на сите обвинители, кои што беа до сега помошници на Специјалниот јавен обвинител, побара денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Порача дека дури потоа откако ќе се констатира дали биле или не биле дел од овој срамен процес наречен Рекет тие и како сите останати обвинители во државата ќе имаат можност да конкурираат на однапред објавен конкурс и да бидат дел доколку ги исполнат условите за новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.
-Се поставува прашањето дали ние вистински се бориме против криминалот со тоа што Катица Јанева ќе ја унапредиме во републички јавен обвинител, амнестирајќи ја однапред иако сеуште не е потврдено дали е виновна или дали е дел, имаме само изјава од страна обвинителката којашто го работи предметот дека нејзините гласови се слушале како во материјалот којшто е како доказ приложен за нејзе и дали треба останатите обвинители без да истражиме дали тие имале директно или индиректно учество со закон да им го продолжиме мандатот во новото обвинителство притоа сите останати обвинители во Република Македонија да ги навредиме и да ги направиме некомпетентни иако чесно и одговорно со години наназад си ја вршеле својата работа. И втор тоа се вработените во рамките на Специјалното јавното обвинителство, 90 проценти од нив се луѓе коишто се во тесна роднинска врска со јавната специјална обвинителка или нејзините помошница обвинители, нејзини соседи, роднини, пријатели, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска е работа и професионална фела да си снаа идна на Катица Јанева или да си внук на Катица Јанева за да можеш да добиеш работно место во рамките на Специјалното јавно обвинителство, а не професионални квалификации. Ние не можеме да се сложиме да со закон овие луѓе бидат префрлени во ново формираното обвинителство и не можеме да прифатиме дека сите останати квалитетни правници во државата ќе немаат рамноправна можност како овие привилегирани внуци, ќерки, сестри, братучеди да конкурираат на оглас којшто би го распишало евентуално новото обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ се залага за транспарентен процес на избор на најквалитетните луѓе коишто треба да бидат истражители или друг тип на административен кадар во рамките на новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Зарем тоа е опструкција или тоа е конструктивен пристап.“, потенцираше Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа