ВМРО-ДПМНЕ: Убијците од Монструм на слобода - Заев игра со судбини на семејства

 

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран Заев го пушти на слобода Жан Железарски, кој наместо да биде во затвор рекетира, се заканува и тепа луѓе низ Кочани. Заев донесе слобода за криминалците, а страв за граѓаните. Недолжни луѓе ги трпат криминалните банди на Заев и нивниот терор. Ова денеска го велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

- Власта не се справува со криминалот. Власта го стимулира криминалот. Убиецот на Мартин Нешковски наместо во затвор е на слобода, на слобода се и двајцата убијци од Арачиново кои ликвидираа три деца, а во затвор лежат граѓани за прекршок кога немаат пари да ја платат казната. Убијците од „Монструм“ се на слобода, а искрени патриоти и родољуби во затвор. Зоран Заев си игра со судбината на цели семејства. Законите во Македонија не важат кога е во прашање власта. Нема отворен случај за Драги Рашковски, за кого постои сомнение дека сторил криминал, а во станица се повикуваат и малтретираат новинари, кои објавиле материјали и информации од интерес на јавноста. Нема постапка против Катица Јанева, а целата јавност бруи дека таа е обвинителот кој ги извршувал ветувањата од „Рекет“, велат од таму.

Зоран Заев е се уште премиер, иако неколкукратно е видео и аудио документиран во барање мито.

- Хаосот во кој СДСМ ја втурна државата мора да престане. Македонија заслужува правдина. Граѓаните очекуваат правда. Потребни се итни предвремени парламентарни избори и ЈО кое ќе биде финансиски независно и отпорно на влијанија, велат ВМРО-ДПМНЕ/.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега