Трипуновски: Атанасов да си поднесе оставка заради неодговорното однесување и нестручно управување со институциите
Се наоѓаме пред дувлото на криминалниот октопод – централниот штаб на СДСМ, партија каде претседател на комисијата за земјоделие е Зоран Атанасов, човекот кој е пулен на Заев. Истиот оној човек кој две недели криеше од македонската јавност дека во Македонија има случај на антракс, изјави денес Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека претседателот на партиската комисија за земјоделие на СДСМ, Атанасов е човекот кој оваа година го остави добитокот во 22 дистриктни подрачја во Република Македонија невакциниран од антракс, а со тоа постои сериозна опасност оваа болест која што се пренесува и на луѓето да се рашири на целата територија на Република Македонија.
Според Трипуновски негрижата на Атанасов е негрижа на СДСМ.
-Атанасов со своето неодговорно однесување, го прекршил и законот според кој е должен да ги извести граѓаните кога има случај на антракс во државата. Тој тоа не го сторил и свесно го криел. Зошто, се уште не одговара. Одговорност мора да има. Атанасов мора да си поднесе оставка. Нестручното и неодговорното однесување и управување со институциите покрај економските загуби во сточарството може да предизвика и човечки жртви. Господине Атанасов, кажете му на вашиот партиски шеф Зоран Заев, дека го уништи земјоделието во Република Македонија . Сточарите се во без излез, полјоделците и овоштарите одамна во бездна. Земјоделецот го пониживте и затоа треба да си заминете. Предвремени избори веднаш. Оваа влада веќе нема капацитет да управува со Република Македонија, посочи Трипуновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа