Туфегџиќ: Критиката мора да постои без разлика кој згрешил
Пратеничката Ивана Туфегџиќ се огласи на својот Фејсбук профил по повод изјавата на Заев поради која наиде на реакции како од голем број здруженија, но и од граѓани на социјалните мрежи.
„Поистоветување на сексуална ориентација со криминално дејание поттикнува говор на омраза, стигматизација и дискриминација кон ЛГБТИ заедницата.
Она што го читам изминативе часови, а тоа е наплив на омраза, нетрпеливост и навреди, не само кон припадници на заедницата, туку и кон нивни поддржувачи и луѓе кои се борат за човекови права е недозволиво и апелирам веднаш да се престане.
Критиката е здрава и мора да постои без разлика кој згрешил.
Криење зад лажни профили и наводна партиска поддршка е кукавичлук и ништо повеќе.
Обидот, пак, на опозицијата да профитира на тема за која ширеше говор на омраза и стигматизација, е доволно очаен сам по себе“, напиша Туфегџиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа