СДСМ: Зборот важи - Се градат и опремуваат 43 детски градинки

Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за труд и социјална политика, инвестираат во проширување на капацитетите на детските градинки и унапредување на квалитетот на предучилишното образование. Ова го велат утрово од владејачката партија.
- Во периодов, се градат и опремуваат осум нови градинки а се подготвува изградбата на уште 35 објекти. Тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата. Освен во изградба на нови објекти, се инвестира и во зајакнување на кадарот во градинките. Почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар или над 3.100 вработени добија зголемување на платата во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет., велат СДСМ.
Додаваат дека како одговорна партија продолжуваат со реализација на мерките што обезбедуваат квалитетно предучилишно образование и подобри услови за работа и престој во градинките.
15.08.2019 - 09:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа