ВМРО-ДПМНЕ: Заев да замине и да се распишат предвремени избори
СДСМ преку партиски соопштенија и лажни мерки ја дефокусира јавноста. Ова е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека се градат градинки и растат платите на вработените во нив.
- Време е Царовска наместо да се фали, да каже за кои новотоворени објекти станува збор и колкав е опфатот на деца. Царовска како министер до сега не покажа грижа за децата. Ако Царовска водеше грижа за децата, немаше да го укине додатокот за трето дете. Ако Царовска водеше грижа за вработениот кадар во градинките, немаше да ги дискриминира вработените во овие установи. Ова е доказ дека Царовска како нејзиниот ментор Заев милува да шири лажни вести, велат тие.
Ова е уште една од низа причини зошто владата на Зоран Заев треба да си замине и да се распишат предвремени парламентарни избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа