Костадинов: Мицкоски да признае дали се гледал со Груевски во Будимпешта?

 

„На прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец.

Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски?

Дали Мицкоски во Унгарија и во Словенија се среќавал со уште некој и нека признае зошто?“, праша Костадинов на денешната прес-конференција.

„Граѓаните, целокупната јавност, очекуваат одговори на овие прашања.

Со кого Мицкоски се координира за да ја спречи интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ?

Очигледно на Мицкоски му е мала сопствената земја за да ги сокире шемите негови против напредокот, реформите и правдата.

Улогата на Мицкоски посетепено се потврдува.

Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со сигурност нема да успее да ја попречи правдата во Република Северна Македонија, ниту пак ќе успеат неговите силни напори да ја спречи интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Јасно му порачуваме на Христијан Мицкоски дека одговороност ќе има за секој што се огрешил пред законот.“, наведе Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега