Јанушев посочи дека од Владата одстануваат глуви на барањата на ВМРО-ДПМНЕ.
- ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој изминат период предупредуваше, објавуваше низа на скандали и афери, криминали, коруптивни случаи, меѓутоа Владата гледаме дека останува слепа и глува на нашите барања. Од друга страна видовме дека пред повеќе од месец дека како Катица Јанева си поднесува оставка, меѓутоа продолжува во вршењето на својата функција. Знаете дека во овој период, особено во месец август дека Собранието е на одмор - вели Јанушев.
Јанушев кажа ВМРО-ДПМНЕ има заеднички точки со Беса и сите други албански политички партии, врза база на кои може да се формира идната Влада.
-Секако дека имаме и не само со Беса, со сите политички чинители од албанскиот блок, со некои повеќе, со некои помалку, меѓутоа она што е битно и во кое се согласуваме во голем дел од нив е дека владеењето на правото и почнување на градење на систем каде што ќе владее правната држава е еден од принципите, основите од каде што би почнале. Меѓутоа исто така еден од врвните приоритети е економијата и финансиите, бидејќи ова што го имаме во моментов е една девастирана држава во однос на тоа поле -кажа Јанушев.
Целото интервју погледнете го ОВДЕ.