СДСМ: Со нас помали трошоци и повеќе пари за земјоделците

 

Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати. Ова го велат преку соопштение денеска од СДСМ.

 - Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а  истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома  и на странскиот пазар. Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти. Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто. Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година, велат од партијата.

 

 Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто.

 - Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година. За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката. Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата, додаваат СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега