Инвестициски самит: Потенцијалните инвеститори заинтересирани за повеќе сектори во Македонија

 

Денеска за време на Вториот глобален инвестициски самит во Охрид владини претставници посочија дека Македонија има голем потенцијал за инвестирање и поволна бизнис-клима. 

Владините претставници би инвестирале во автомобилската, машинската, прехранбената индустрија, земјоделскиот сектор, како и во изработка на медицински делови.

Министерот за привлекување странски инвестции Џери Наумоф денеска изјави дека кога се повеќе луѓе и повеќе држави ќе видат колку се инвестира во Македонија, и самите ќе почнат и да доаѓаат тука. И министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак истакна дека голем број од реномираните светски фирми кои се дел од самитот ја разгледуваат можноста да инвестираат во земјава.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски потенцира дека Глобалниот инвестициски самит е комплеметарен со сите стратегии на Владата што се прават со цел зголемувње на конкуреноста на македонската економија.

- Сите добро поставени политики се комплементарни една на друга. Она што очекуваме, покрај делот за добивање идеи за конкурентноста е и пред некои од инвеститорите кои се присутни тука да ја презентираме Македонија, да ги запознаеме со нашите инвестициски можности и да ги привлечеме во насока и тие да инвестираат и да отворат нови работни места, рече Пешевски.

Инаку, на самитот во организација на Македонија 2025 учество земаа компании од преку 20 држави како САД, Австралија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Турција, Унгарија и 30 светски познати компании како Phillips USA, Telus Canada, Canadian Bombardier, Deutsche Telekom Group, MindTree India, Acibadem Turkey. 

 

09.10.2013 - 13:38
Фото: 
А1.он

најчитано сега