Македонија добива нова компанија на пазарот со гас

 

На македонскиот пазар со гас од наредната година официјално влегува и Мастер Гаспром-македонска компанија со украински партнер.

Компанијата која веќе доби лиценца од регулаторната комисија за енергетика, најавува дека  на македонските потрошувачи ќе им понудат конкурентна цена и континуитет во испораката на гас.

- Предноста на нашата компанија е што имаме можности да понудиме подобри услови од останатите компании во Македонија поради партнерските односи со украинската фирма која има големо искуство на украинскиот пазар со гас. Имаме склучено директен договор со Газпром, а и мрежата за дистрибуција ќе ни овозможи непречено и континуирано снабдување со гас, тврдат од компанијата.

09.10.2013 - 14:12
Фото: 
Сител

најчитано сега