Арсовски: Скандалозна е изјавата на ЈО дека од 8 милиони евра, Јанева зела само 289 илјади денари

 

Завршува кариерата на првиот човек на Зоран Заев, Катица Јанева, велат до ВМРО ДПМНЕ.

- Нејзиното приведување требаше да се случи уште првиот ден. Таа е само една алка од синџирот. Скандалозна е изјавата на јавниот обвинител дека од 8 милиони евра, таа зела само мал дел. Таа изјава ги потценува граѓаните. Да се расчисти случајот и да се расветли улогата и одговорноста на сите инволвирани, бараат од најголемата опозициска партија.

-Катица Јанева нанесе срам на целата правда и ги изневери сите што веруваа во правна држава, како и меѓународните фактори, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега