ТМРО: Доста е - Техничка Влада па избори
После толку тешки скандали и сомнителни Анти уставни одлуки кои ја рекомпонираа државата Македонија, време е за оставка на Владата и формирање техничка влада која во наредните 9- 12 месеци ќе спроведе парламентарни избори. Ова го велат денеска од ТМРО преку соопштение.
- ТМРО го повикува владеачкото мнозинство, итно да постапи по препораките на меѓународната заедница и изврши измени на Изборнот закон со Македонија како една изборна единица, за конечно реални и демократски избори каде секој глас ќе се вреднува , по што никогаш повеќе соодносот на силите во собранието, нема да биде како изминатите три децении, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа