СДСМ: Истрагата за Рекет да се забрза, нема да се спасат тајкуните на ВМРО

 
Во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во ВМРО-ДПМНЕ. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема.  Ова го велат денеска од СДСМ.
 
- Попречување истраги, нарачување предмети и пресуди беше одлика на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ. Надлежните институции да откријат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ.  Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дел, а доколку се докаже дека одредени медиуми свесно манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми. Истовремено, ова е уште потврда за потребата од забрзување на истрагата и лоцирање на сите вмешани во случајот Рекет. Нарачателите, извршителите и помагачите и сите вмешани, од прв до последен, да одговараат за своите постапки, велат од партијата.
 
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката, да ја загрози истрагат и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај.  
 
- Ги повикуваме надлежните институции да го расчистат овој случај но и сите останати предмети и истраги, а виновниците да одговораат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, додаваат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега