Реглинг: На Грција ќе и биде потребна дополнителна финансиска помош

 

 

Директорот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг не ја исклучува можноста на Грција да и биде потребна дополнителна финансиска помош.

Аналитичарите претходно предупредија дека е можно Грција да побара трет пакет финансиска помош за зајакнување на економијата и за излегување од кризата и оти тоа може да се очекува уште следната година. 

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле исто така изрази мислење дека Атина нема да закрепне без дополнителна помош, но не го поддржува ставот дека е неопходно уште едно отпишување на дел од грчкиот долг.

Германскиот канцелар Ангела Меркел засега не преферира да дискутира за трет пакет помош за Грција.

10.10.2013 - 10:22
Фото: 
Новатв.мк

најчитано сега