Македонија 2025 наскоро ќе почне да бара инвеститори за фондот
Македонија 2025 наскоро ќе почне да бара инвеститори за фондот што треба да го финансира дијаспората.
Мајкл Фентон, извршниот директор на Македонија 2025 за МИА изјавил дека во текот на вториот Глобален инвестициски самит, кој се одржува во Охрид ќе биде објавена новата фаза од ова партнерство. Тој најавил дека договорот ќе почне да се спроведува наскоро.
- Многу добро ни оди со формирањето на најавениот фонд. Извршниот директор на СЕАФ Македонија спомена дека тоа е ново за Македонија и ќе биде потребно време. Македонија е веќе влезена во тој процес и ќе почнеме да бараме партнери за 2014 година, вели Фентон за МИА, додавајќи дека веќе имаат ветување за учество во фондот од страна на претставници од македонската дијаспора.
СПоред ФЕнтон, Фондот ќе се финансира покрај од дијаспората и од СЕАФ преку неговите извори и од финансиски институции, пензиски фондови, приватни инвеститори, како од Македонија, така и од странство.
Извор: МИА