Поскапеа цигарите во Македонија
Прилепскиот тутунски комбинат веќе неколку дена продава цигари по повисоки цени. Најпродаваните цигари, Бренд во тврдо пакување веќе се продаваат за 5 денари поскапо, односно за 50 денари за кутија. Поскапи се и цигарите „19“ кои во продавниците се продаваат за 40 денари за кутија.
Претохдно поскапеа и другите брендови на Турунски од Прилеп. Повисоки цени имаат Бренд во меко пакување, Ориентал и Рондо.
Поскапувањето доаѓа како резултат на измените во Законот за акцизи кои стапија на сила кон средината на летото.
Според овие измени, акцизата на цигарите постепено треба да се зголемува во наредните 10 години.
10.10.2013 - 12:50