ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не е градоначалник, туку крадоначалник на Скопје

 

Петре Шилегов е две години на чело на градот Скопје и наместо градоначалник ја презема улогата на крадоначалник кој не реши ниту еден клучен проблем на скопјани, велат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Од таму истакнуваат дека градските претпријатија бележат загуби, а наспроти тоа за две години Шилегов вработил над 1000 партиски војници на терет на скопјани.

Според советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, главен фактор зошто скопјани дишат и понатаму најзагаден воздух во светот е неспособноста на Шилегов и Владата на Заев да преземат клучни мерки против загадувањето.

„Наспроти ова Владата средствата кои ги одвојува за намалување на загадувањето со ребаланс на буџетот ги скрати, а Шилегов за сето ова молчи и го одобрува“, се нагласува во соопштението.

Во него се додава дека Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои, како што се вели, стои сомнеж за дебела заработка и провозии за компании блиски на власта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега