Јанушев на фејсбук: Си играте со правдата, затоа ќе одговарате
Генереалниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Игор Јанушев се огласи на фејсбук и напиша освен “игнорирање” на правото од страна на Дескоска и кршењето на законот, за што ќе следува и кривичната одговорност за Јовески.
„Освен “игнорирање” на правото од страна на Дескоска и кршењето на законот, за што ќе следува и кривичната одговорност за Јовески, за што пишував вчера, денес ќе продолжам и за одговорноста што треба да ја сноси и обвинителката Русковска.
Имено, Русковска со тоа што дозволи “допишување“ на Катица Јанева од притвор, стори кривично дело, бидејќи самото допишување е спротивно на Законот за кривичната постапка, односно е спротивно на член 178 став 5, каде е наведено:
„Притвореникот може да се допишува со лица надвор од затворот со знаење и под надзор на органот што ја спроведува истражната постапка. Овој орган може да забрани испраќање и примање писма и други пратки штетни за постапката.“
Русковска требаше веднаш да забрани вакви дописи да бидат испраќани од страна на Катица Јанева, бидејќи таа со истите овозможи незаконско преземање на предмети на ЈО од СЈО, а посебно и предмети за кои е осомничена дека ги злоупотребувала за политички притисоци и изнуда на пари.
После се ова, јасна е спрегата помеѓу криминално-рекетарската банда на СДСМ “на чело” со Заев, со Јовески и Русковска и оди во прилог на тезата за директната вмешаност на власта во случајот Рекет, а можеби и во други случаи „рекет 2, 3, 4 итн.
Си играте со правдата, затоа бидете подготвени да одговарате, зошто одговорност за ова незаконие ќе има и секој индивидуално ќе треба да се соочи со санкциите и правдата!“ пишува Јанушев на фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа