Во САД отпуштена наставничка од работа бидејќи одбила да абортира

 

Католичко училиште отпушти немажена наставничка оти одбила да абортира, се вели во судските документи, пренесува „Метро“.

Според адвокатите на Мишел Болен, свештеник во Св. Тереза католичкото училиште во Канзас Сити, Мисури, ја пофалил што одбила да ја прекине бременоста. Но, Џозеф Цисети наводно сугестирал дека ако Болен отишла против католичкото учење и абортира, училиштето нема да мора да се справува со „скандал“ на немажена бремена наставничка.

Адвокатот тврди дека оваа постапка е против 1986 договорот за абортус на Мисури, кој ги штити жените од тоа да добијат отказ бидејќи одбиваат да извршат абортус.

 

Болен работела во училиштето 15 години пред да добие одговор дека нејзиниот договор нема да биде продолжен.

Во петокот, нејзината поранешна колешка Емили Киф го свртела вниманието кон нејзината улога како наставничка. Според Киф, Болен често ги оставала првачињата без надзор.

– Ми беше доста, па го снимав тоа – додала Киф.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега