СДСМ: Ребалансот на Буџетот ќе обезбеди 400 милиони денари за раст на платите

 

Денеска во Собранието во процедура влегува ребалансот на Буџетот за 2019 година кој обезбедува придобивки за граѓаните. Ова го велат денеска од СДСМ.

- Со ребалансот обезбедуваме 400 милиони денари за поддршка на раст на платите. Ќе се субвенционираат придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари односно до 100 евра. Обезбедени се и 200 милиони денари за поддршка на активните политики и мерки за вработување, каде посебен фокус ставаме на младите. Оваа мерка од една страна ја сузбива сивата економија и давањето плата во плико, а од друга страна овозможува зголемен прилив на средства во пензискиот фонд. Досегашните економски политики даваат реален и видлив резултат. Преку бројни економски мерки, просечната плата порасна за 3,5 отсто. Бележиме раст на БДП од над 3 отсто во првите два квартали од годинава. Стапката на невработеност е на историски најниски 17,5 отсто. Расте и извозот и индустриското производство, велат СДСМ.

Со ребалансот се потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ за насочување повеќе пари кон граѓаните и кон стопанството.

- Ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи, да дадат поддршка за ребалансот на Буџетот за 2019 година. Ребалансот ќе го стимулира растот на платите, ќе обезбеди можности за отворање нови и подобро платени работни места и позитивно ќе влијае на економскиот раст. Како одговорна партија продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат раст и развој и повеќе пари кај граѓаните. Градиме силна и конкурентна економија што отвора шанси за сите, додаваат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега