Костдинов: Што е тоа што Мицкоски не сака јавноста да дознае за „Рекет“

 

Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот „Рекет“? Ова го прашува денеска Костадин Костадинов од СДСМ.

Наместо да шири лажни вести, тој е должен да излезе пред јавноста и да одговори:

  • Дали Орце Камчев, тајкун излезен од  режимот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во предмети на СЈО, е финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?
  • Дали станува збор, за изборната кампања за последните претседателски избори?
  • Дали знае да одговори Мицкоски колку  тоа го чинело Камчев односно неговите фирми финансирањето на изборната кампањата?

- Одговор може да даде и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев како потписник на сметката на партијата. Граѓаните, јавноста очекуваат одговори на овие прашања, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега