Кажете им збогум на белите влакна - нанесете една состојка на темето

 

Седата коса е првата асоцијација за старост, но таа всушност и нема толку голема поврзаност со годините. Сведоци сме за тоа дека и многу млади луѓе патат од преголем број седи влакна, па затоа ја бојадисуваат својата коса. Но, бојадисувањето може да ја уништи косата.

Дали и колку седи влакна имате зависи од повеќе фактори, а најнапред од генетиката. Доколку вашите родители добиле седа коса на помлади години, тогаш постои голема веројатност дека и вие ќе го доживеете истото. Сепак, главниот фактор за прераната појава на седи влакна е стресот, брзото темпо на живот и недоволниот сон. Исто така, лошиот избор на храна може да ја зголеми веројатноста за појава на седи влакна, бидејќи телото едноставно не е доволно здраво и не добива доволен број хранливи состојки.

Бојадисувањето може да делува како единствено логично решение за да излезете на крај со седите влакна, но не е секогаш идеално решение. Доколку ја сакате својата боја на коса или пак доколку сметате дека сте премногу млади за да започнете да ја бојадисувате, тогаш најверојатно се обидувате на некој начин да ја избегнете фарбата.

За ваша среќа, сепак постои решение, а доаѓа од природата. Клучот лежи во една состојка – кокосово масло. Но, кокосовото масло не само што ќе ја врати природната боја на косата, туку и потполно ќе го прероди влакното. Тоа ќе ја направи косата јака, цврста и блескава.

Како да го искористите кокосовото масло против седите влакна?

Оваа постапка мора да ја повторувате секојдневно за таа да даде резултати!

Најдобро е да преспиете со кокосово масло нанесено во косата. Утредента измијте ја косата и ќе забележите колку таа е сјајна и „преродена“.

Загрејте три лажички органско кокосово масло во мал сад околу 20-тина секунди во микробранова печка или на пареа. Погрижете се дека маслото не е претопло, па нанесете го на коренот од косата и протријте го надолу кон крајот на влакното. Потоа замотајте ја косата во пешкир или стара памучна блуза и почекајте најмалку 20 минути за фоликулите на влакното да го впијат маслото. Исплакнете со топла вода, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега