„Њу момент“ е агенција на годината во Европа

 

„Њу момент“ е прогласена за најуспешна во конкуренција на 307 други агенции од 26 држави, кои учествуваа со свои кампањи и решенија и освои пет Гран-при признанија и едно злато.

- На нашиот јубилеј, 20 години од формирање на агенцијата, докажавме дека можеме рамноправно да се натпреваруваме со најдобрите од Европа и од светот. Докажавме дека адвертајзингот нема само комерцијална, туку и уметничка и општествено корисна функција. Ова е успех за целата креативна индустрија во Македонија – изјави директорот и партнер на „Њу момент“, Сашо Пешев.

Кампањата „Заедничка молитва – 10 метри одвоени“ освои четири Гран-при статуетки во категориите: нови и иновативни кампањи, најдобар настан, најдобра радио-кампања и бренд на годината. Кампањата за годинашниот Скопски џез-фестивал освои Гран-при за најдобар дизајн и злато за најдобра кампања во надворешното огласување.

Регионалниот креативен директор, Душан Дракалски, на фестивалот ја доби специјалната награда Златен часовник, за најнаградуваната кампања на фестивалот „Заедничка молитва“ од проектот за соживот на Владата.

Во јуни годинава, „Њу момент“ со кампањата „Заедничка молитва“ го освои и Титаниумскиот лав на фестивалот на креативноста во Кан.

12.10.2013 - 21:02

најчитано сега